Која е Ана
Back to Која е Ана

Која е Ана

Здраво, јас сум Ана Петроска. Мојот фото псевдоним е justaphoto.ap. Фотографирам пејзажи, нашите најубави градови, уникатни локалитети, популарни настани од култура до спорт, а со своја фотографија опфаќам и меѓународни дестинации.

Моите фотографии ги објавувам тука и тука, а сакам да ги исполнам и желбите на сите што ме следат, па многу од нив си нарачаа и си добија персонализирана слика во рамка. Нарачај си и ти. Еве како

Тоа сум јас, Ана или Justaphoto.ap. Честа е моја што се запознавме.

Овој веб сајт е посветен на сите кои ја следат и поддржуваат мојата работа за да можат на едно место да ги добијат сите информации. На овој начин сакав да се претставам подобро себе си, но и подобро да комуницирам со сите вас.

Постојано добивам пораки, создавам соработки и до се повеќе луѓе допираат моите фотографии. Сакам сето тоа да го ставам на едно место и затоа го создадов ова портфолио за во иднина да можете да видите уште повеќе од мене.

Ви благодарам што ме следите, ви благодарам за прекрасните зборови кои ги кажувате за моите фотографии и ви благодарам што ме мотивирате да се подобрувам секој ден во фотографијата.